-->
-->
Фирмите добија 236,4 милиони евра поврат на ДДВ во првите седум месеци
-->
Преку 14,5 милијарди денари или 236,4 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии, повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јули е поголем за околу 14,5 отсто во однос на лани.Заменик-министерката за финансии Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите. Тоа е значајно за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност.
-Во споредба со претходната година, извршен е поврат на ДДВ кон фирмите за 30 милиони евра повеќе во однос на лани. Тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемена наплата на даночните приходи, дека ликвидноста е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски, истакнува Елези.
Позитивните тенденции во стопанството се огледаат и преку добрата наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ кој на бруто основа е повисок за 5,6 проценти во однос на лани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник - фалсификувал дарување крв
