Грција на шестото место во ЕУ според бројот на давења

Во првите 23 дена од јуни, во Грција биле регистрирани 23 давења според податоците од грчката национална организација за јавно здравје. Државата се наоѓа на шестата позиција меѓу земјите членки на Европската унија, а на светско ниво, на 39-то место меѓу 116 држави, jави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на минатата година 413 лица се удавиле, бројка што е поголема во споредба со 2017 кога биле регистрирани 357 давења.
Според податоците од организацијата за јавно здравје, 67 отсто од давењата се за време на летните месеци, јули и август, 42 отсто се случиле во претпладневните часови, 55 отсто од регистрираните случаи на давење биле на 3 метри од плажата, а 90 отсто на оддалеченост од 10 метри.
Со секој смртен случај, според истите податоци, има 4-20 давења што не доведуваат до смрт, но предизвикуваат последици.
Грчките медиуми во анализите од изминатиот период, споменуваат дека проблемот е и во тоа што нема доволен број на спасувачи на грчките плажи, а за одредени случаи, давењата ќе се избегнеле доколку постоел спасувач.
И во двата случаи, на хотелските базени не постоел спасувач во моментот кога се случиле давењата.
Ново на Сител
-

Куба се подготвува за можна воена агресија, изјави претседателот Дијаз-Канел
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
-

Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа
-

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин
-

Вонредна ситуацијата во САД, прекинати сите полетување на авиони
-

Мицкоски на увид во градежни активности на проект за подобрување на водоснабдувањето во руралната населба Каменик во Кисела Вода
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
