Во Тетово Илинден се одбележа со церемонија пред Споменикот на револуцијата

Националниот македонски празник 2-ри август, Илинден, во Тетово се одбележа со пригодна церемонија пред Споменикот на револуцијата. Одбележувањето почна со интонирање на химната, како и со едноминутно молчење за да им се оддаде почит на оние што го дале животот за нашата земја.
–Во историјата на еден народ постојат судбоносни датуми, трагични и величествени, по кои тој народ се препознава и кои ја определуваат неговата иднина. Македонската историја има два големи историски настани поврзани со ист ден, но во различни времиња и услови. Тоа се Илинден 1903 и Илинден 1944. На првиот датум како да се оствари повеќевековната борба на македонскиот народ за создавање сопствена држава. Вториот датум кога е формиран АСНОМ величиствен по своите резултати . Тогаш е оставрено се што напатениот македонски народ мечтаел и сонувал, рече во обраќањето претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците од Тетово, Јоцко Димитриевски.
Цвеќе положија делегации на институции, установи, здруженија на граѓани и политички партии.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
