-->
-->
Празничка програма по повод Илинден во Делчево и Ѕвегор
-->

Во Делчево со низа свечености започна одбележувањето на 2. Август-Илинден, ден кога македонскиот народ чествува 116 години од кревањето на Илинденското востание во 1903 година и 75 години од Првото заседание на АСНОМ одржано во 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“.
Чествувањето почна со полагање на свежо цвеќе на претставници од Општина Делчево, институциите во општината и политичките партии, пред споменикот на идеологот на македонската револуционерна борба и патрон на градот-Гоце Делчев, а потоа поворката се упати кон центарот на градот каде по краткиот реферат за значењето на Првото заседание на АСНОМ, беа положени цвеќиња и на споменикот на паднатите борци.
Празнувањето на ,,Илинден” денес продолжува во село Ѕвегор каде по повод верскиот празник ,,Св.Илија” кај истоимениот манастир ќе се одржи општонародна веселба. За таа цел како што информираше претставникот на црковниот одбор Ванчо Новоселски ќе се одржи и црковен ручек.

-Традиционално Илинден е ден кога во селото се слави и ,,Св.Илија”, заштитникот и патрон на селото. На овој ден во убавиот природен амбиент на манастирот секоја година, во организација на членовите на манастирскиот одбор од село Ѕвегор, на присутните им се дели црковен ручек за здравје, проследен со општонародна веселба и дружење, истакна Новоселски.
Во село Ѕвегор помеѓу постојните жители на селото и оние кои се иселени во некоја од странските држави постои сфаќање дека за овој празник потребно е сите, кои се по потекло од ова прекрасно пијанечко, село Ѕвегор да бидат присутни во дворот на манастирот „Св. Илија“, за да оддадат почит на своите корени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
