Приштина загрижена: Вооружувањето на Србија од Русија

Заменикот министер за одбрана на Косово Бурим Рамадани вели дека Србија, со тоа што се опремува со оружје од Русија, праќа заканувачки пораки за целиот Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.
Рамадани во интервју за весникот „Епока е ре“ изјави дека е индикативно тоа што „Србија го јакне своето воено содејствие единствено со Русија“, додека за српскиот претседател Александар Вучиќ и за министрите за надворешни работи и одбрана, Ивица Дачиќ и Александар Вулин, вели дека „се претвориле во војници на (рускиот претседател, Владимир) Путин, заради одмазда кон НАТО на Балканот“.
– Сигурно дека ова претставува сериозна вознемиреност за целиот Балкан. Единствениот пат кој ги стабилизира безбедноста и мирот на Балканот е модернизацијата на балканските држави, посебно на полето на безбедноста и одбраната. Откако сите други држави во регионот или се зачленија или се јасно ориентирани кон НАТО, единствено Србија го фати спротивниот пат и за тоа се удира во гради. Значи, оваа ориентација на Србија кон Русија претставува нешто сериозно за целиот Балкан, изјави Рамадани.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
