Власта и опозицијата се уште далеку од договор за статусот на СЈО
Денешната средба меѓу работните групи на власта и опозицијата во Министерството за правда заврши без напредок.
И натаму остануваат клулчните разлики помеѓу двете страни за персоналниот состав на идното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција и за иднината на предметите кои СЈО ги отвори пред и по завршување на законскиот рок.
По завршување на средбата претставникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави дека очигледно власта не е спремна да се откаже од контролата врз обвинителството за организиран криминал и корупција но не е спремна да се откаже ниту од обвинителката Вилма Рускоска која според нив се однесува како адвокат на високи функционери на власта кои очегледно се вмешани во аферата рекет.
Според министерката за правда Рената Дескоска барањата на ВМРО-ДМПНЕ се ретроградни и сталинистички.
- Со ваквите барања ВМРО-ДПМНЕ очигледно има за цел да ја намали ефикасноста на обвинителството за организиран криминал и корупција.
На прашање дали е оптимист дека законот ќе се донесе до 15-ти септември Дескоска вели дека очекува опозицијата да ги стави државните интереси пред партиските и да ги промени своите барања.
Поради летните одмори разговорите меѓу власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство ќе продолжат по 15 август.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
-

Загрижувачки резултати: Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука
