Заев-Борисов: Комисијата да најде решение за Гоце Делчев до октомври

Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања мора да најде решение за прашањето на Гоце Делчев до октомври, порача денеска во Скопје бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција во Владата со неговиот домќаин премиерот Зоран Заев.
- Комисиите мора да постигнат компромис до октомври. Не треба да се пречекори октомври. Комисиите мора секојдневно да работат, рече Борисов запрашан што доколку не се постигне решение до октомври месец кога ЕУ треба да се наврати на одлуката за датум за преговори за нашата земја.
Тој беше дециден дека од тоа зависи и одлуката на Владата во Софија, но и дека посакуваат да избегнат вакво сценарио по секоја цена.
- Тоа прашање мора да се реши. Јас веќе кажав дека сум згрешил за тоа што реков северномакедонци, наместо граѓани на Северна Македонија. Јас се извинив и одново ви се извинувам штом тоа за вас е важно. Но, претходно, рековме дека Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата на Македонија. Тоа беше изјавата. Кога ќе ми ја дадат папката со тоа што е договорено меѓу комисиите, тогаш ние во Бугарија ќе решаваме што треба да се прави. Ова сценарио сакаме да го одбегнеме по секоја цена, изјави Борисов на новинарско прашање во врска со неговата изјава дека „претседателот Пендаровски е првиот северномакедонски политичар кој изјавил дека Гоце Делчев е Бугарин“.
Запрашан дали Бугарија би можела да го постави прашањето за членството на РСМ во ЕУ, кажа дека воопшто не помислува на таква можност.
- Не би сакал ни да помислам дека може да дојде до такво прашање, јас да кренам рака против РСМ тоа е недопустливо. Ние да допуштиме да биде блокирана Македонија во никој случај не размислувам и нема да дозволам. Во последните две децении ништо се немаше придвижено напред. Ако го гледаме само нашиот бугарскиот интерес, немаше да се заложиме за РСМ во НАТО во ЕУ, рече Борисов.
Премиерот Заев потврди дека се согласиле заеднички за охрабрување на комиисите да ја завршат работата до октомври.
- Заклучивме да ги охрабриме комисиите и на ова прашање на чесен начин да изнајдат решението. Нашиот интерес и приоритет е да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. До денеска 21 земја го има ратификувано Протоколот за НАТО, рече Заев.
Според Борисов, Бугарија на никаков начин не се меша во работите на Северна Македонија ниту ја загрозува, туку, вели, во изминатите две години направила се за нашата земја да се најде во фокусот.
- Бугарија на никој начин не се вмешува во работата на РСМ. Јас исто така многу внимателно ги следам вашите медиуми. За мое големо жалење препознавам надворешни сили кои работат против Бугарија со што е застрашена РСМ од Бугарија? Дали не направивме се за РСМ да биде во фокусот постојано. Наш заеднички интерес е да бидете во НАТО, на нашите полигони заеднички подготовки, се склопуваат пријателства. Нашите херои го дале животот за да добиеме придобивки за својот народ. Ништо против ние немаме. Инаку ќе бидам обвинет дека сум ја предал историјата на Бугарија. Јас имам лимит што можам да си го дозволам, знам дека по секоја цена комисиите треба да донесат решение што ќе биде за перспектива на младите, подвлече уште еднаш бугарскиот премиер на прес – конференцијата во Владата која беше проследена од голем број македонски и бугарски медиуми.
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
