Тачи ќе распише предвремени избори „доколку се укаже потреба“

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по денешната средба со претседателката на Централната изборна комисија (ЦИК) Валдете Дака во врска со ситуацијата во земјата по оставката на премиерот Рамуш Харадинај, најави дека ќе распише предвремени избори, но „само доколку се укаже потреба за тоа“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението од неговиот кабинет по средбата, се вели дека Тачи нагласил оти ќе ги исцрпи сите можности за консултации со политичките партии, „а потоа ќе се најде одговор за новата политичка реалност“.
– Доколку политичките партии не се во состојба да одговорат на оваа нова политичка реалност во разумен временски рок, подготвен сум веднаш да ги распишам новите избори, изјавил Тачи.
Претседателката на ЦИК, Дака, по средбата изјави дека со Тачи разговарала за уставните рокови за одржување избори, при што посочи дека не станало збор за некој конкретен датум.
Таа нагласи дека ЦИК е подготвена за спроведување вонредни избори и рече дека доколку тие се распишат, потребните средства за нивно организирање ќе ги побара од Владата.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
