Зери: Тачи е подготвен веднаш да распише предвремени избори

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска соопшти дека е подготвен веднаш да распише вонредни парламентарни избори, доколку, како што наведе, политичките партии не се во состојба да одговорат на новонастанатата политичка ситуација.
Тачи истакна дека за Косово е од суштинско значење да добие нова, функционална, ефикасна, инклузивна и експедитивна влада која ќе ги унапреди важните процеси, пренесе приштиснкиот весник Зери.
Во соопштението по средбата со претседателот на централната изборна комисија Валдете Дака, се наведува дека било разговарано за подготвеноста на оваа институција да организира предвремени избори, доколку тоа биде потребно.
Во соопштението се наведува и дека, во согласност со уставот, законите и овластувањата, ќе се исцрпат сите можности да се изнајде одговор за новата политичка реалност, во консултации со политичките партиии застапени во косовскиот Парламент.
-Доколку политичките партиии не бидат во состојба да одговорат на оваа нова политичка реалност во разумен рок, подготвен сум веднаш да распишам нови избори, наведе Тачи .
Ново на Сител
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
