Загинаа 15 Етиопјани откако се расипал бродот со кој требало да стигнат до Јемен

Најмалку 15 Етиопјани загинаа откако бродот со кој требало да бидат прошверцувани во Јемен се расипал и останал да лебди над морето без храна и вода цели седум дена, објави Организацијата за миграција (ИОМ).
Според преживеаните, некои луѓе починале од глад и жед, а некои се удавиле.
Во објавата од ИОМ на Твитер се наведува дека некои луѓе успеале да стигнат до Јемен, но, сепак, починале пред да добијат лекарска помош.
Јемен повеќе од четири години е во граѓанска војна во која се убиени десетици илјади луѓе, а земјата е осиромашена и луѓето страдаат од глад.
Меѓутоа, илјадници мигранти, претежно од Рогот на Африка, доаѓаат секоја година со надеж дека ќе стигнат до богатите арапски земји и ќе ги избегнат невработеноста и сиромаштијата во својата земја.
– Мигрантите патувале од Џибути во Јемен кога се расипал бродот на шверцерите, напиша ИОМ на Твитер.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
