Дивоградбата на Усеини треба да биде отстранета, Османи бара уривањето да е неселективно

Се преземаат управни постапки против охридскиот советник Нефи Хусеини, одговори премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање, зошто му се дозволува на советникот такво самоволие, напад врз универзитетски професор и што ќе се преземе со оглед на коалицијата на власта со партијата на овој советник на локално ниво.
– Без разлика за кој се работи, од кој сака нека е ако се огрешил по закон, законите важат еднакво за сите, изјави Заев, по денешната посета на новиот Ургентен центар во Куманово.
Тој информира дека општина Охрид веќе издала решение за отстранување на неговата дивоградба, и се очекува извршувањето да почне.
– Ако немаат храброст, ако немаат можност, ако не можат тоа да го завршат согласно законот, се одземаат ингеренциите и Владата ќе постапи. Јас ве уверувам дека дивоградбата ќе се отстрани. Секако, ако има физички напад, МВР отвара истрага, и секој ќе си одговара, ако направи физички напад никој нема да биде заштитен. Јас не сакам да судам по делот на документации за дивоградби, по делот за вина за напад, тоа се истрагите кои ќе се водат и тие ќе го покажат тоа, рече Заев.
Уверува дека предрасури и резерви нема да има кон никој. – Тие што се учесници во политичкиот живот, претставници на политички партии, па уште ако се претставници на владејачките партии треба да бидат пример и да го почитуваат законот, нагласи премиерот Заев во Куманово.
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Берово и Битола -4 степени
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Презентација на софтвер за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд
-

Трамп: Член на Националната гарда покажува знаци на закрепнување по пукањето
-

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 проценти до 2040 година
-

Папата Лав: Европа мора да има централна улога во завршувањето на војната во Украина
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Магла на патниот правец Демир Капија - Гевгелија и на ГП Богородица
