Гевгелискиот мед оценет со врвен квалитет на натпревар во Србија
![]()
На меѓународниот натпревар во Велико село, Република Србија, каде се оценуваше квалитетот на медот, четворица гевгелиски медари освоија пет златни медали во конкуренција на медари од седум држави со што се потврди дека медот од Општина Гевгелија има врвен квалитет.
Саемот на медот се одржа по повод дочекот на медарската Нова година, а одличните резултати ги постигнаа медарите Игор Илков, Кристијан Алчинов, отец Атанасиј и Лујза Богатинова сите членови на здружението „Нектар“ од Гевгелија.
Две златни медали освои Игор Илков за органски светол и темен мед од околината на Кованец, Кристијан Алчинов освои златен медал за ливадски мед од околината на Конско, отец Атанасиј за ливадски мед од околината на Серменин, сите три села сместени во пазувите на планината Кожуф, и Лујза Богатинова се закити со златем медал за органски ливадски мед од околината на Богданци.
Ново на Сител
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
-

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
-

Навивачи на „Фемили“ нападнале група навивачи на „Работнички“, тешко повреден малолетник
-

Излезноста во Брвеница до 11 часот изнесува 13,82% – зголемена во однос на првиот круг
-

Скопјанец приведен по пријава дека ѝ се заканувал на сопругата, таа пријавила и долгогодишно малтретирање
