Ќе се прославува Свети Илија, патрониот празник на црквата во тетовска Лукојца
Патрониот празник Свети Илија на црквата во тетовското планинско село Луковица (Лукојца) е поводот голем број граѓани од многу градови да дојдат во ова речиси иселено село на планината Сува Гора на 2-ри август, Илинден. Селото се наоѓа на околу 1.000 метри надморска височина во рамки на општина Желино. Од црковниот одбор ги покануваат сите верници на заедничка прослава која секоја година ја организираат неколку кумови.
-Оние што потекнуваат од Лукојца живеат насекаде низ Македонија. Поради тешка пристапност до селото зашто дел од патот со децении е неасфалтиран, луѓето се преселнија освен во Тетово и Скопје и во другите градови, како и во Србија и западно-европските земји, вели Ацо Спасеновски од црковниот одбор.
На 2-ри август, Илинден, во манастирската црква „Свети Илија“ верниците може да присуствуваат на свечената црковна литургија со почеток 10 часот. Во 12 часот за сите гости кумовите на прославата организираат празничен ручек и народна веселба.
Минатата 2018 година во Луковица се освети параклисот посветен на Света Петка изграден на влезот во тетовското планинско село Луковица. Градењето на црковниот храм траеше 14 години, а со тоа селото доби трето православно светилиште, по црквите Свети Илија и Свети Георгиј.
Во црквата Света Петка во план е довршување на фрескоживописот, но и уредување на дворот со цел да собере поголем број на верници кои ќе сакаат да и оддадат почит на светицата.
Ново на Сител
-

Скопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
-

Белгискиот премиер со став дека ЕУ треба да почне преговори со Русија за окончување на војната во Украина
-

Директорот на египетската репрезентација: Салах има скината тетива и ќе му бидат потребни четири недели лекување
-

ЕСПН: Нејмар го пропушти тренингот на Сантос без да објасни зошто
-

Шефот на иранската дипломатија пристигна во Русија
-

РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
-

Утрово најладно во Берово, најтопло во Гевгелија
-

Светските трошоци за вооружување лани достигнале 2.887 милијарди долари, најмногу во Европа и во АзијаЕвропа и Азија

