-->
-->
Изгореа два стана на семејства со малолетни деца во социјална зграда во Берово
-->
– Во пожарот што се случи во неделата во социјална зграда во Берово изгореа два стана на семејства со малолетни деца. Глетката за време на пожарот, како што тврдат очевидци била страшна и само присебноста на пожарникарите и полициските службеници спасиле вистинска катастрофа. Тие навреме ги извлекле малолетните дечиња од нивните домови. Во моментот семејствата кои останаа без својот дом, како што информираше сосетка на опожарени семејства, ноќта ја поминуваат во неколку околни објекти без основни услови за живот.-Страшно беше овде во неделата, се спасуваше жива глава во домот на Шехерзад Арифовска и Сенад Чиндаровски. Поради тоа што мораше итно да се реагира и два други стана се оштетени. Среќа што се спасија дечињата, вели нивната сосетка, Мерлина Зекировска.
Додава дека семејствата, ноќите по пожарот ги поминале вон секакви човечки услови.
-Едното од семејствата спиеше во плевна, а бидејќи се им изгоре во пожарот, останатото семејство немаше ниту едно ќебе да се покрие во текот на ноќта, додава Зекировска.
Од полицијата дополнително се утврдува која е точната причина за пожарот, а околните станари претпоставуваат дека станува збор за неисправна инсталација. Тие живеат во страв дека поради неисправната инсталација може дополнително да се искомплицира состојбата и да настане пожар и на останатите станови. Засега најава за помош на семејството ветиле хумани граѓани, а на кој начин ќе им се помогне на несреќните семејства, од Општината ќе излезат со дополнително соопштение. Семејствата Арифовски и Чиндаровски се многудетни семејства и итно им е потребна помошта за нивно повторно застанување на нозе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
