Зголемена поддршката на конзервативците откако Џонсон стана премиер на Британија

Британската Конзервативна партија води 10 отсто пред Лабуристичката партија, откако Борис Џонсон стана премиер на земјата.
Студијата објавена вчера од весникот „Сандеј Тајс“ покажува дека конзервативците имаат поддршка од 31 отсто, што е за шест отсто повеќе од претходната анкета. Ова е најголемото водство на конзервативците пред опозицијата во последните пет месеци. Покрај тоа, првпат од април, поддршката за нив е зголемена на над 30 проценти.
Лабуристичката партија има поддршка од 21 процент, два процента повеќе од претходната анкета. Либералдемократите паднаа за 3 проценти, достигнувајќи 20 отсто, а поддршката за новата партија Брегзит на Најџел Фараж падна на 13 отсто.
Резултатите ги поттикнуваат шпекулациите дека Борис Џонсон може да свика предвремени избори, пишува весникот.
Анкетата беше спроведена кај 1.697 луѓе на 25 и 26 јули.
Ново на Сител
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
-

САД и ноќеска извршија напади врз цели во Иран, Техеран соопшти за експлозии во повеќе региони
-

Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание
-

Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства
-

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
