Седници на шест собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат шест собраниски комисии при што Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија ќе одржаат по две седници.
На дневниот ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се повеќе точки за утврдување одлуки за измена на веќе постоечки одлуки за избор на претседатели и членови на собраниски тела, делегаци и институции меѓу кои и за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда 23 Октомври и за избор на главен државен ревизор.
Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе расправа за правилата за водење на постапката за утврдување на сторени лесни и тешки повреди и изрекување на мерки утврдени во Kодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија, како и за утврдување на образец за пријава на дар за пратениците.
Собраниската Комисија за европски прашања ќе ги разгледа Извештајот на Европската комисија за 2019 година и дел од Стратегијата за проширување кој се однесува на Република Северна Македонија, како и
Предлог законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање и Предлог законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, во второ читање.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дебатираат за предлог законите за Основно образование и за Наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, двата во прво читање.
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност, пак, ќе расправа за Предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан.
На седниците на Законодавно-правната комисија ќе се разгледаат Барањето за давање на автентично толкување на член 21 став 1 точка 4), а во врска со член 20 од Законот за данок на добивка („Службен весник на Република Македонија” број 112/14, 129/15, 23/16 и 248/18), поднесено од пратеникот Енес Ибрахим, предлог законите за Основно образование и за Наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, Предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан и Предлог законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, во второ читање.
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
