СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираа со вработените во градинките

ВМРО-ДПМНЕ се тие кои 11 години манипулираа со вработените во градинките и вработените во системот на социјална заштита.
За време на криминалото и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ голем број вработени во градинките беа свесно оставани да работат под договор на дело, не се даваа решенија за вработувања, а вработените во градинките често беа уценувани и манипулирани пред избори.
За разлика од таквиот однос, денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика на дело покажуваат вистинска грижа за вработените во детската и социјалната заштита.
Со јунската плата стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен. 3.138 вработени во градинките сега земаат за околу 3.000 денари плата. Истовремено, повисоки плати за над 4.300 денари добиваат 1770 вработени во секторот социјална заштита.
ВМРО-ДПМНЕ да учи како се унапредува системот за детска заштита. За само две години отворени се 24 нови градинки и обезбедени се 1.400 согласности за вработување во градинките.
Ново на Сител
-

Москва ја исклучува ЕУ од преговорите за Украина: Кремљ не гледа никаква корист од нејзиното учество
-

Над 47.000 жени и девојчиња убиени од најблиските во светот во 2025 година
-

Ѓорѓиевски: Паркот„Жена-Борец“ ќе добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје
-

Средба Мицкоски-Варнс: Разговаравме за македонско-американските односи, стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка
-

Клековски: Македонците плаќаат повеќе за да си го уништат здравјето отколку за да го зачуваат, 600 евра за цигари - 500 за здравствено осигурување
-

Австралиски и германски научници првпат открија планини под Антарктикот
-

Сослушани само двајца од седум повикани сведоци за „Пулс“
-

Јаневска: Формиравме работна група за новиот модел на субвенциониран студентски оброк
