Костадинов: Срамни се лагите на Милошоски, не е достоен за функцијата пратеник
Антонио Милошоски симболот на лажните вести вчера уште еднаш ја посрамоти државата, Собранието, институциите и граѓаните.
Милошоски ја злоупотреби собраниската говорница и пратеничките прашања, за бесрамно да шири лажни вести што и официјално беа демантирани.
Почесниот Конзулат на Белорусија во Република Северна Македонија официјално ја демантираше лажната вест на Милошоски дека наводно бизнисмен од Битола бил рекетиран и барал помош во Амбасадата на Република Белорусија во Белград, Република Србија.
За таквата бесрамна лага на Милошоски, во официјалното известување од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија, јасно е наведено цитирам: „Се што беше искажано се едноставно лажни вести“.
Ваквото однесување на Милошоски е неодговорно и недостојно на функцијата што ја извршува.
Но ова не е првпат Антонио лажни вести Милошоски да ја лаже и манипулира јавноста.
Неодамна, тој излажа дека дури седум земји членки на Европската унија биле против тоа нашата држава да ги започне преговорите со Унијата. Таа лага веднаш беше демантирана од високи претставници на ЕУ.
Лагите на Милошоски се срамни, го нарушуваат меѓународниот углед на државата и се спротивни на интересите на државата и на граѓаните.
Милошоски е срам за нашата земја и за граѓаните и нема дилема дека мора да замине од функцијата пратеник.
Милошоски мора да си даде оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.
Потврдено е, дека од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат само лажни вести, невистини, измислени и конструирани случаи кои се против интересите на Република Северна Македонија и граѓаните.
Ново на Сител
-

Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех

