Интернационални денови на влашката култура во Крушево

Со изложба на фотографии на староградски и влашки носии во Домот на културата „Наум Наумоски Борче“ синоќа во Крушево беше отворена манифестацијата „Интернационални денови на влашката култура“ што ќе се одржува до недела, 28 јули.
Пред посетителите и гости од земјава, Романија и од други држави, професорката од Универзитетот „Гоце Делчев“, Ванѓа Димитриева-Кузмановска, истакна дека преку овој меѓународен проект се настојува да се прикаже богатата култура на Власите.
-Преку овој проект сакаме да ги покажеме главните, есенцијални и материјални богатства на власите, како што се носијата, старите влашки песни, зачувани. Сакаме да ги зголемиме можностите на сите Власи, не само од Крушево, туку и од целата држава, да ги збогатиме нашите соработки и да им дадеме можност на младите да ја негуваат оваа култура. Вечерва е изложбата на традиционални влашки носии. Од 18 часот ќе настапат групи од Романија и од земјава, фолклорни друштва на Власите, а ќе се одржи и семинар за влашката традиција и фолклорот. Сѐ се заокружува со заедничката, влашка вечер со познати групи и уметници, објаснува Кузмановска.
Емил Хаџи, претседател на мултикултурната асооцијација „Нику Хаџи“ од Романија, истакна дека соработката ќе се развива и ќе дава големи резултати во поглед на негувањето на влашката култура и традиција.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
