Нов масовен протест против владата на Хонг Конг

Илјадници демонстранти и денеска се собра во Хонг Конг, учествувајќи во протестната прошетка против локалната власт и покрај полициската забрана за организирање вакви настани, пренесоа американските медиуми.
Демонстрантите, облечени во црно, се прошетаа низ улиците во реонот Јуен Лун, каде пред околу една недела дел од демонстрантите беа нападнати со метални стапови.
Полицијата одби да издаде одобрение за денешниот протест со аргументот дека има голем безбедносен ризик за луѓето, пренесоа агенциите.
Демонстрантите денеска носеа и чадори – симболот на протестите од 2014 година. на тој начин реонот Јуен Лун денеска се претвори во море од чадори. Пред пет години, за време на продемократските протести, тогашните учесници носеа чадори за да ги сокријат своите лица од полициските камери и со нив да се заштитат од полицискиот солзавец.

Непосредно пред почетокот на денешниот протест во реонот Јуен Лун беше уапсен маж, кој со нож нападнал друг маж.
Протестите во Хонг Конг почнаа пред еден месец и се организираат против владините планови за донесување закон со кој ќе се олеснат екстрадициите во Кина на осомничените лица од овој град. Според критичарите на предлог законот, за
време на процесите во Кина можно е правата на екстрадираните лица да не бидат почитувани. Заради масовните протести работата врз предлог законот во парламентот беше повлечена, но барањата на демонстрантите, сепак, остана, па дури и се зголемија. Тие сега бараат и организирање општи избори за распуштање на парламентот и за отворање истрага за полициското насилство во оваа кинеска територија со посебен статус.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
