Градоначалниците на Карпош и Битола дале изјава во Обвинителството за „Рекет“

Градоначалниците на Карпош и на Битола, Стефан Богоев и Наташа Петровска, дале изјава во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „Рекет“.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во денешното соопштение наведува дека се испитуваат лица за кои цени дека со даден исказ можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот кој се води против две лица за кривични дела – примање награда за противзаконито влијание и перење пари и други приноси од казниво дело.
– Во текот на вчерашниот ден по телефонски повик од јавен обвинител, во Обвинителството изјава даде градоначалникот на Општина Карпош. Денеска беше повикана и изјава даде градоначалничката на Општина Битола. Во интерес на истрагата, Обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави, се наведува во соопштението.
Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија.
Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на Обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.
Почитувајќи ја транспарентноста во работењето, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе продолжи со информирање на јавноста за преземените дејствија секојпат кога ќе постојат законски можности и во обем кој не ја попречува истрагата, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
