Алтернатива предлага Фатиме Фетаи дa раководи со новото Обвинителство

Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, AлтернAтивA – како партија која повеќе од сé се грижи за правна држава и спроведувањето на правото без никаков компромис – ја користи оваа прилика да ја предложи обвинителката г-ѓа. Фатиме Фетаи, да раководи со ова обвинителство.
Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја.
Се надеваме дека и другите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и гарантираат на Северна Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за а долгоочекуваната евро-атлантска интеграција.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
