Во Делчево бесплатно ќе се склучува брак

Усвоена е одлуката со која младите брачни парови од Делчево во наредниот период ќе можат бесплатно да склучуваат граѓански брак. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општина Делчево, во која стои дека во иднина нема да се плаќа надоместок за користење на просторијата за склучување граѓански брак.
– Бракот ќе се склучува во новите простории во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ, а за користење на салата, заинтересираните граѓани за оваа намена е потребно да доставуваат барања до Општина Делчево од каде ќе добијат потврда за соодветниот датум и час за склучување брак кој ќе се достави до Матичната служба во Делчево, стои во одлуката која беше едногласно поддржана од делчевските советници.
Од Општината велат дека оваа одлука е оправдана, бидејќи идните брачни парови ќе се ослободат од непотребниот трошок кој досега го имаа како обврска.
– Ова е еден вид поддршка за младите брачни парови, кои покрај големиот број трошоци, нема да мораат во иднина да плаќаат за нешто што долги години го имаа како финансиски товар, велат од Општината.
Со цел да се збогати свечениот амбинет при склучување граѓански брак во Делчево, за потребите на новата сала за венчавање, Општината има набавено нов инвентар (декоративна маса и столови).
Ново на Сител
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
-

Уапсено лице од беровско, пронајдени се дрога, оружје, муниција и полициска униформа | ФОТО
-

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик
