Блумберг: Европа планира военопоморска мисија за заштита на пловењето по Персискиот залив

Европските влади ќе учествуваат во задничка операција за обезбедување на мирното преминување на бродовите преку Персискиот залив, откако Иран минатата недела заплени британски нафтен танкер во овој регион.
Овој акт на иранската Влада од шефот на британската дипломатија Џереми хант беше оценет како „државно пиратство“, соопшти американската агенција Блумберг.
Почетокот на „Европската военопоморска операција за обезбдување мирно минување на екипажи и товари“ вчера го обзнани токму Хант во изјава во британскиот Парламент.
Обединетото кралство инсистира на итно ослободување на заробениот танкер „Стена Имперо“ и веднаш по инцидентот во Форин офисот го повика иранскиот амбасадор во Лондон, Мосен Омидзамани.
Запленувањето на танкерот се случува на една од најважните поморски контролни точки во светот. Велика Британија му се закани на Иран со „сериозни последици“ и своите британските бродови ги советува да го избегнуваат регионот и да ја информираат владата доколку планираат да патуваат во тој регион.
-Да биде јасно дека, според меѓународните закони, Иран нема право да го попречува слободното минување на бродовите, и уште повеќе да ги запленува. Тоа е акт на државно пиратство, изјави Хант во Домот на општините на британскиот Парламент.
Хант додава дека Кралството нема да учествува во политиката на Трамп за „максимален притисок“, бидејќи владата во Лондон останува посветена на меѓународниот договор од 2015 година за ограничување на нуклеарната програма на Исламската република.
-Ако Иран продолжи по опасниот пат, по кој тргнал, ќе треба и да го прифати фактот дека цената за тоа ќе биде повисока од присуството на западните бродови во Заливот, рече Хант. „И не затоа што сакаме ситуацијата да ескалира, туку затоа што слободата на пловењето на бродовите е основен принцип за Велика Британија и нејзините сојузници, кои ние секогаш ќе ги штитиме, заврши тој.
Ново на Сител
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
-

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
