ЗНМ: Наредните денови Димовски ќе ја свика седницата за избор на членови во АВМУ и МРТ
Преставници на Здружението на новинари на Македонија денеска имаа средба со претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, со кој било договорено во наредните денови да ја закаже седницата на оваа Комисија, со што, како што велат од ЗНМ, ќе се отпочне постапката за избори на лицата во овие совети како предуслов за реформи во медиумскиот регулатор и јавниот сервис.
– Денеска во Собранието на СРМ, претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски и директорот Драган Секуловски остварија средба со Илија Димовски, претседател на собраниската Комисија за избори и именувања. На средбата се разговараше за блокираниот процес за избор на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги и на Програмскиот совет на МРТ. Беше договорено дека во наредните денови, Димовски ќе ја закаже седницата на оваа Комисија со што ќе се отпочне постапката за избори на лицата во овие совети како предуслов за реформи во медиумскиот регулатор и јавниот сервис, се вели во денешното соопштение од ЗНМ.
Според Димовски, се очекува дека веднаш после летните одмори, доколку има политички консензус, да се премине кон законската обврска и да се организира јавна дебата за кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за да бидат избрани во двата совета со дво ретинско мнозинство од страна на Собранието, се вели во соопштението од Здружението на новинари на Македонија.
Од страна на ЗНМ, било истакнато дека за оваа постапка веќе сите рокови се пробиени и дека по закажувањето на седницата политичките партии треба да покажат високо ниво на разбирање за ефикасно надминување на блокадата во медиумските реформи.
– Освен ова, на средбата беше посочен и проблемот за нефункциоирањето на Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер која веќе повеќе од една година нема кворум да одлучува по претставки од страна на новинарите и граѓаните. Оваа Комисија, сега веќе Агенција со измените на законот од мај 2019 година, е од исклучително значење за подобрување на транспарентноста на јавните институции за тоа како тие работат и како ги трошат парите на граѓаните. Од претставниците на ЗНМ беше побарано веднаш да се ангажира Комисијата за избор и именување при Собрание и да го спроведе законот со избор на новиот директор и заменик директор во оваа Агенција, потенцираат од ЗНМ.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга