Движењето Беса: Случајот „Рекет” сериозно му наштети на кредибилитетот на СЈО
Северна Македонија веќе е во крстопат, со што се доведува во прашање европската иднина на земјата. Сегашната Влада преку своите лоши политики ја одалечи земјата од евентуалното членство во Европската унија.
Скандалозниот случај „Рекет” сериозно му наштети на кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство, нерешените случаи со владини претставници кои беа слушнати во некои аудиоснимки, и неуспехот да се добие покана за почеток на преговорите со ЕУ пред овие последователни скандали, дефинитвино укажува на слабостите на парламентарното мнозинство, што докажува дека ова власт нема капацитет но и политички кредибилитет да ја води оваа земја.
Движењето Беса има многу забелешки со не спроведувањето на договорот со Владата за време на уставните измени, како и предлог-законот за јавното обвинителство и предложениот закон за попис на населението. Подготвени сме да дадеме свој придонес за да го отклучиме реформскиот процес, но за возврат од Владата бараме да го утврди датумот на предвремени парламентарни избори а до тој датум подготвени сме да седнеме и да ги обезбедиме најдобрите решенија што ќе бидат во согласност со препораките на Европската комисија.
Иако сме убедени дека октомври нема да донесе никакви промени во врска со добивање на датум за отпочнување на преговори со Европската унија и дека овој месец е само купување време од страна на актуелната влада, ние како опозициска партија сакаме да и сопштиме на јавноста дека сме спремни да пружиме рака за соработка со парламентарното мнозинство со цел да се договориме за да се утврди датумот за предвремени парламентарни избори, а се до нивно спроведување, Владата да го спроведе договорот за уставни измени, да го донесеме законот за јавното обвинителство и да се прифати решение за пописот со што пописот на населението да е само од статистички од карактер додека политичките права на етничките заедници се регулирани преку Регистарот за електронско управување во рамките на Министерството за информатика и јавна администрација.
Ново на Сител
-

Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
-

Макрон: Средбите со европските лидери се депресивни, ми недостига Меркел
-

На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
-

Голема полициска акција во Куманово: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари
-

Трамп по изборниот пораз со необична тема: Ја фали балската сала покрај Белата куќа
-

10 полицајци приведени во Србија за брутално насилство врз демонстранти
-

Облачно со локален дожд
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче

