Прогнози за зголемени цени и помалку порачки и вработени во трговијата на мало
Зголемени се продажните цени во трговијата на мало во вториот во однос на првиот кваратл годинава, а се очекува нивно зголемување и во наредните три месеци. Eкономската состојба на фирмите од овој сектор во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава е понеповолна, а e поповолна во однос на вториот квартал лани.
Такви оценки изнеле раководителите на фирмите од тргивијата на мало кои очекуваат понеповона состојба и во следните два квартала.
Како што објави Државниот завод за статистика, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, како и за бројот на вработените.
Количеството на залихите е на еднакво ниво како и во претходното тримесечје.Финансиската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година.
Индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2019 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0,4 процентни поени во однос на истото тримесечје од минатата година.
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на вториот квартал годинава имале: недостигот на обучен кадар со 21 процент, слабата побарувачка од купувачите со 20,2 процента, зголемени трошоци за труд со 18,4 проценти и зголемената конкуренција на пазарот со 16,8 проценти.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице