Зголемена активноста на вулканот Етна во Сицилија

Зголемена е активноста на вулканот Етна во Сицилија, објавија експерти од Националниот институт за геофизика и вулканологија во Италија.
Тоа е ерупција од таканаречениот „нов кратер“, кој се наоѓа на врвот на југоисточната падина на планината Етна. Последен пат вулканот „се разбуди“ на 14 јули.
Синоќа специјални термички камери откриле формирање жешки фонтани од лава, експлозии, емисии на пепел, па дури и мал прилив на лава. Овие феномени се проследени со земјотрес од ниска до средна јачина.
Вулканолозите од Сицилијанскиот центар ја оценија ситуацијата како релативно мирна.
Новото зголемување на вулканската активност нема да влијае на работата на меѓународниот аеродром во Катанија, каде што често, поради силни емисии на пепел, е неопходно да се спречи полетувањето и слетувањето на авионите.
Етна е највисокиот активен вулкан во Европа, а во јуни 2013 година е ставен на списокот на УНЕСКО како светско наследство. Во март 2017 година, десет лица беа повредени за време на ерупцијата на вулканот.
Ново на Сител
-

Маѓар: Приведен е братот на Виктор Орбан како осомничен за трговија со луѓе
-

По 10 години врска ја оставил – сега бара да ѝ плати 340.000 долари затоа што ѝ ги потрошил најдобрите години од животот
-

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
-

СВР Штип апелира до граѓаните за внимателност од телефонски измами
-

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“
-

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
-

Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот
-

Пред 37 години беше урнат Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на Европа и Студената војна
