„Еко-герила“ побара одземање ингеренции на Општина Тетово

Невладината организација „Еко-герила“ денеска на прес-конференција побара Владата и премиерот Зоран Заев да и ги одземат ингеренциите на Општина Тетово поради големиот број нерешени проблеми, пред се од аспект на животната средина. Истакнаа дека освен преку медиумите, барањето и соодветно видео за состојбите ќе испратат до премиерот Заев.
– Градоначалничката Теута Арифи во вториот мандат не успеа да одговори на потребите, барањата и законските обврски за да има чиста животна средина и функционален ред. Со оглед дека во предизборната кампања во 2017 Вие и дадовте отворена поддршка, Ве молиме да ги одземете ингеренциите на Општина Тетово за кои не успеа да се справи и да ги управува, изјави Арианит Џафери од „Еко-герила“.
Пред новинарите го објавија видеото за да визуелизираат како се намалуваат зелените површини поради градење нови згради.
– Иако парковите и зелените површини се во сопственост на сите граѓани, тие се бетонираат, а општината молчи и не презема да се спречи тоа. Градот е претворен во урбана пропаст, преовладува сообраќаен хаос, недостаток на јавна чистота, депонии за отпад во повеќе делопви од градот, недостаток на паркинг и јавен превоз, рече Џафери.
Според „Еко-герила“, попусто Општина Тетово има ингеренции ако живееме во 19 век.
Ново на Сител
-

Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
-

Оружје пронајдено при претрес на 77-годишен кумановец
-

ПФЛ: Шкендија Арачиново – Силекс за старт на второто коло
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
-

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
