Рама во „блиц“ посета на Турција, се сретна со претседателот Ердоган

Албанскиот премиер Еди Рама е во ненајавена посета на Турција, каде, како што објави на Инстаграм, се сретнал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави дописничката на МИА од Тирана.
Рама и Ердоган се сретнале во летната претседателска резиденција во Мармарис, град на брегот на турската ривиера.
– Од гостопримството на претседателот Ердоган, во неговата летна резиденција во Мармарис, напиша Рама и постираше фотографија.
Средбата на албанскиот премиер со шефот на турската држава доаѓа неколку дена по средбата што Ердоган ја имаше со претседателот Илир Мета, на маргините на Самитот на СЕЕЦП, што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.
Инаку, ова е прва средба на Рама со Ердоган оваа година, додека во текот на 2018 година имаа повеќе вакви средби.
Уште откако дојде на власт во 2013 година, Владата на премиерот Рама ја продлабочи соработката со Турција, додека пријателските односи Рама-Ердоган се зајакнаа уште повеќе.
Она што е новина во последниве години е дека средбите меѓу албанскиот и турскиот лидер беа заменети од официјални со неформални средби, при што во некои од нив не е познато што се дискутирало.
Последна официјална посета на Рама на Турција била на 29 јуни 2016 година, при што се состанал со сите лидери на клучните институции во Турција, вклучувајќи го и Ердоган, а одржал и прес-конференција со колегата Бинали Јилдирим.
Но, затоа имаше многу средби меѓу Рама и Ердоган во текот на изминатите три години, но тие беа неформални и без многу детали за темите за кои се разговараше.
На 22 март 2018 година беше објавено дека Рама и Ердоган имале работна вечера во резиденцијата во Истанбул, а албанската амбасада во Анкара накратко соопшти дека разговарале за аеродромот во Влора и формирањето на авиокомпанијата „Ер Албанија“.
На 9 јули истата година, Рама беше во Турција за да присуствува на заклетвата на Ердоган за претседател на земјата.
Околу 6 месеци подоцна, на 8 декември, кога Албанија беше во „треска“ на големите студентски протести, турските медиуми јавија за „блиц“ посета на Рама кај Ердоган. За оваа нивна средба немаше никакви информации.
И на вчерашната попладневна средба Рама-Ердоган беше следена истата практика, таа не е официјална, не беше претходно најавена, и нема детали за тоа што разговарале.
Ново на Сител
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
-

Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје
