Обвинение за 20-годишник од Пробиштип за неовластено држење амфетамини

-Кај обвинетиот полицијата на 3 јули, при вршење контрола и личен претрес во возило „Рено Меган“ во кое биле повеќе лица, пронашла една полиетиленска паковка со супстанца амфетамин во вкупна нето маса од 41,59 грама. Откако возилото било запрено, осомничениот кој седел позади совозачкото место и се превезувал како сопатник, се обидел да ја истури супстанцата но во тоа не успеал. При преземање на натамошни истражни дејствија, извршен е претрес во станот во Скопје во кој привремено престојувал осомничениот, 20-годишен жител на Пробиштип. При тоа, пронајдени се 39 таблети метилен -диоксиметамфетамин, дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана и прашкаста материја која претставува психотропна супстанца – амфетамин. Со тоа обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје доставил и предлог за продолжување на определената мерката притвор за обвинетиот бидејќи ценел дека постојат оправдан страв од бегство на обвинетото лице и дека лицето ќе го повтори кривичното дело.
Ново на Сител
-

Скопје одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, положено цвеќе пред спомен плочата
-

Трајановски: Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Бројот на жртвите од земјотреси во Венецуела надмина 6.500 луѓе
-

За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка
-

Во САД регистрирани првите овогодишни смртни случаи од морбили, епидемијата се шири
-

Утре и на 31 август ќе се прска против комарци во пет општини од Југоисточниот плански регион
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
-

Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
