Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Словенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.
Кабинетот на претседателот Пендаровски соопшти дека тој во Љубљана ќе биде примен со високи државни и воени почести од словенечкиот претседател Борут Пахор. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.
Претседателот Пендаровски во вторник ќе оствари средби со претседателот на Државното собрание на Република Словенија, Дејан Жидан и со словенечкиот премиер Марјан Шарец.
Во Љубљана, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на тема „Иднината на Северна Македонија – Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“.
Во рамки на посетата, шефот на државата ќе одржи средба со европратеничката Тања Фајон, ќе се сретне со словенечки стопанственици, како и со претставници на македонски културни друштва во Словенија.
Во Љубљана, претседателот Пендаровски ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“.
За време на официјалната посета на Република Словенија, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, соопшти Кабинетот на претседателот.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
