И богатите земји имаат недостиг на лекови

Фармацевтите и здравствени групи предупредуваат на се поголем недостиг на лекови во Европа, што е поврзано со ограничениот број доставувачи на медикаменти кои главно се наоѓаат во неколку азиски земји.
Само овој месец, пациенти заболени од рак не можеле да добијат соодветно лекување во Италија. Недостигот на невролошки лекови достигнал сериозно ниво во Полска, додека бројот на недостапни лекови во Белгија достигнал нов рекорд.
– Ново е дека тоа се мали земји со помалку атрактивни пазари, како што Романија, Бугарија, источноевропските земји. Сега станува збор за сите земји – дури и за најбогатите, изјави Шарлот Рофиен, советничка за европски работи во организацијата за пациенти Франс Ашос Санте.
Франција од оваа недела стана најновата држава која побарала решение од ЕУ. Бројот на пријавени лекови како недостапни во државата се зголемил20 пати во периодот меѓу 2008 и 2018 година и се предвидува дека оваа година жќе се зголеми за дополнителни 60 отсто, според наводите на француското државно регулаторно тело за лекови.
Меѓу идеите кои Париз ги изнесе во новиот план е Европа да може да воспостави јавни производители на лекови за снабдување на сите земји.
Некои од државите во ЕУ, вклучувајќи ги Белгија, Полска и Словачка, се обиделе да го решат проблемот ограничувајќи ја паралелната трговија, преку која трговците ги продаваат лековите купени во една земја по повисока цена во друга држава.
Ново на Сител
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
