Мустафај: Албанија е во состојба на лудило и антиуставност

Познатиот албански професор и поранешен шеф на дипломатијата, Бесник Мустафај коментирајќи ја политичката криза оцени дека земјата се наоѓа во сосотојба на „лудило и антиуставност“.
Тој смета дека албанската економија е „потоната“ во криза и оти тоа го потврдува и Институтот за статистика – ИНСТАТ.
-Државата падна, власта е на коленци. Ситуацијата во земјата е антиуставна. Нашата економија е уништена, што го потврдува и ИНСТАТ. Кога не функционира економијата, владеењето на правото, тогаш каква е ситуацијата? Се разбира, ова е луда ситуација, рече тој.
Исто така, Мустафај се задржува и на локалните избори, спроведени на 30 јуни, без учество на главната опозиција. Според него, слабиот одѕив на гласачи (официјално 21,6 отсто, а според опозицијата 15 отсто) претставува јасна порака до премиерот Еди Рама дека Владата што ја предводи е „делегитимирана“.
Тој наведе свој став и за тоа како треба опозицијата да дејствува по изборите на 30 јуни.
-Ние сме во услови кога опозицијата ја има само улицата за да води политика. Единствениот простор што на опозицијата и остана за да прави политика се протестите. Владата беше делегитимирана од резултатот на изборите. Оваа влада покажа дека е подготвена да краде и самата од себе си. Опозицијата постигна победа и тоа мора да се капитализира политички. Нејзиното делување треба да се подобри и прилагоди на ситуацијата, каде мнознството и се спротивстави на Владата, изјави Мустафај.
Поранешниот шеф на албанската дипломатија посочи дека опозицијата треба да се подготвува за идните избори и оти протестите се единствениот начин на нејзино делување, зашто не гледа друго решение.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
