ДОМ бара да почне рушењето на дивоградбите за да се сочува УНЕСКО статусот на Охридскиот регион

По објавените информации за уште една нова дивоградба, на државно земјиште, во заштитеното градско подрачје на Охрид, ДОМ бара надлежните институции веднаш да постапат согласно законските одредби и да започнат со рушење на нелегалните градби во Охридскиот регион. Единствен начин да го сочуваме нашето единствено светско природно и културно наследство е да ги спроведеме препораките на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО. Врвен приоритет е препораката број 6 за воспоставување мораториум на какви било урбани и крајбрежни трансформации во рамките на заштитеното подрачје додека сите релевантни плански документи не се усвојат и да се обезбеди строго спроведување на законите и прописите за да се спречи понатамошно незаконско градење.
Им укажуваме на надлежните институции дека се должни да постапуваат согласно законот, зашто во спротивно и самите ќе сносат одговорност за непостапување и соучесништво. Уривање на дивоградбите е непопуларна, но во оваа ситуација единствено целисходна мерка која може да придонесе да го сочуваме УНЕСКО статусот. Потсетуваме дека на сесијата на Комитетот на УНЕСКО во Баку, овој месец, ни беше одреден дополнителен рок за исполнување на клучните препораки на мониторинг мисијата на УНЕСКО, до февруари 2020 година. Доколку тоа не се реализира, Охридскиот регион ќе биде ставен на листата на светско наследство во опасност.
Дополнително, со санкционирање на нелегалното градење ќе се манифестира неселективното спроведување на законските прописи и владеење на правото, што е една од основните европски вредности.
Ново на Сител
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
