Томе Илиев секстет и унгарскиот машки хор „Св. Ефраим“ викендов на „Скопско лето“

На „Скопско лето“ вечер од 21.30 часот во Куршумли ан концерт ќе одржи етно-џез групата од Швајцарија Томе Илиев секстет, а утревечер од 20.30 часот во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ ќе настапи машкиот камерен хор „Св. Ефраим“ од Унгарија.
Во составот на секстетот на кларинетистот и композитор Томе Илиев се и Флоријан Вајс – тромбон, Франсис Лана – пијано, Валентин Баумгартнер – гитара, Горан Гешовски – бас и Адријан Бекли – тапани.
Томе Илиев (1985) е кавадарчанец кој работи како професор по кларинет во музичкото училиште „Хуг“ во Цирих, во циришката музичка компанија „Рорбас“ и како диригент на дувачкиот бенд во Мелинген, Аргау.
– Илиев е еден од најуникатните кларинетисти на неговата генерација, свирејќи го активно секој музички жанр, од класика, џез, па сè до балканска, бразилска и афро-кубанска музика. Редовно настапува во Швајцарија, Германија, Франција, Австрија и во балканските земји со неговите главни бендови: Томе Илиев Квартет/Секстет, Нозез и како гостин со Екстрафиш, соопшти „Скопско лето“.

На летниот скопски фестивал, пак, утревечер гостува унгарскиот машки камерен хор „Св. Ефраим“ (Saint Ephraim) кој од 2002 година станал најпопуларна вокална група на Унгарија. Хорот е основан од Тамаш Бубно и е добитник на наградите „Унгарско наследство“ и „Бренд“ на Будимпешта. Досега има издадено 10 албуми, а за еден од нив (Bizantine Mosaics) ја доби наградата „Суперсоник“ во 2010 во Луксембург.
Нивниот концерт во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје вечер од 20.30 часот се организира во соработка со Амбасадата на Унгарија.
Ново на Сител
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
