Иселеници од САД донираа комуникациска опрема за дебарските пожарникари

Иселеници од Дебар во САД обезбедија опрема за комуникација за дебарската Територијална противпожарна единица (ТППЕ), која интервенира и во Центар Жупа, како и на подрачјето на Река во Општина Маврово и Ростуше.
Заблагодарувајќи се на донацијата, командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски, го нагласи големото знаење на комуникација меѓу самите пожарникари на терен, како и навременото интервенирање и секако издавањето наредби.
– Донацијата е навистина од големо знаење, бидејќи при интервенција комуникацијата може да доведе до самоспасување на пожарникарите, спасување на нивниот живот, побрза интервенција, поголема сигурност во одлучувањето и издавањето наредби. Самиот чин и самата постапка на доделување на оваа опрема е потврда дека дебрани, иако се далеку преку океанот, сепак мислат за нашата единица, а тоа значи и поголема сигурност и безбедност на нивниот роден град и сограѓани, рече Мифтароски.
Тој посочи дека ваквата опрема е неминовна, бидејќи состојбите, времето на информирање, како и другите активности што ги имаат во однос на развивање на технологијата, мора да ја следат за да бидат во чекор со времето.
На предавањето на донацијата, претставниците на татковинското друштво на дебарските иселеници во САД „Дибра“, најавија продолжување на помошта за нивниот роден град.
Ново на Сител
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
-

Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
-

Засилени контроли за електрични тротинети, во август констатирани 606 прекршоци, одземени 18
-

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
