-->
-->
Бизарна забрана во Холандија: Не им даваат на децата да го користат игралиштето бидејќи се бучни - казните се до 10.000 евра
-->
Едно основно училиште во Холандија го затвори игралиштето за деца бидејќи станарите од околните згради се пожалиле дека децата се прегласни.Забраната на игралиштето важи до крајот на месецот, а ако се прекрши оваа мерка ќе се соочат со казна од 10.000 евра, пренесува BBC.
Како што се наведува, локалните станари се жалеле дека децата прават бучава повеќе од 70 децибели, колку што е дозволено,но по мерењето било утврдено дека децата прават бучава од 88 децибели.
Одлуката на училиштето предизвикала бурна реакција, а 4000 граѓани се потпишале на петицијата во која бараат од локалните власти да се повлече.
Инаку, холандските деца според истражувањата на УНИЦЕФ важат за најсреќните деца на светот, пред се поради малиот притисок во раната возраст да прават тестови поради што нивното образование се заснова на учење низ игра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
