Шекеринска: Специјална војна, хибридни закани со цел да го загрозат нашиот пат кон НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по барање на новинарите да го коментира случајот на телефонските разговори на премиерот Зоран Заев со руските пранкери, денеска порача дека мора да се навикнеме оти во периодот зад нас и најверојатно во текот на следната година ќе бидеме цел на различни типови на хибридни, сајбер и друг тип на напади, чија е цел е да го загрозат нашиот пат до членство во НАТО.
Овој тип на специјална војна, на хибридни закани, изјави денеска Шекеринска по посетата на Центарот за обука на пилоти во Петровец, не се нешто ново и брзо ќе треба да се прилагодуваме кон овие нови закани.
Во такви ситуации, истакна, нема да се бираат средства и напомена дека истиот инструмент бил искористен и со генералниот секретар на НАТО, со францускиот претседател и со серија први луѓе во меѓунарондата политика.
– Таков тип на упади и закани ќе продолжат. Во овој напад не е пробиено ништо од безбедносна наша содржина и заради тоа не може да стане збор за загрозување на нашите стратешки приоритети. Но и ние треба целосно да си ја менуваме безбедносната култура, е пораката од Шекеринска.
Сепак, таа нагласи дека и во овие разговори покажале дека премиерот на секое ниво и со секој соговорник ги држи истите позиции, а тоа се позиции, рече, кои ги браниме и пред своите граѓани и пред сите други.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
