Во Радишани ќе биде отворена сензорна соба

Град Скопје во соработка со Општина Бутел ќе отвори сензорна соба во градинката „11 Октомври“ во населбата Радишани. Во собата ќе се третираат деца со развојни нарушувања и аутизам, а со нив ќе работи стручен тим составен од дефектолог, педагог, психолог, логопед и воспитувачи.
– Целта на отворање сензорна соба е да се одговори на потребите на децата со развојни нарушувања и аутизам, како и да се подобри квалитетот на живот на децата и нивните семејства. Раниот и предучилишен период е клучен за развој на сензорната интеграција, информира Град Скопје.
Сензорната соба ќе биде со површина од над 60 квадратни метри, со адаптиран тоалет за лица со попречености и одвоен влез од влезот што вообичаено се користи. Услугите во сензорната соба ќе може да ги користат децата од територија на општина Бутел. Работата со децата се изведува преку индивидуален пристап, а дневно ќе може да се опфатат 10 – 12 дечиња. Во собата за сензорна интеграција се предвидува и примена на музикотерапија.
Собата ќе се опреми со меки подови и ѕидови, интерактивна туба со вода, топчиња и меурчиња кои плутаат, ротирачка диско-топка, сноп од светлечки оптички влакна, рефлектор, огледални фолии кои го зголемуваат ефектот на целата преостаната опрема, аеросол-ароми за аромотерапија, вибрациска музичка фотелја, подлога во вид на перница, UV-ламба, кружен балансер со масажер и други елементи што треба да ги задоволуваат светските норми и стандарди за квалитет.
Град Скопје за оваа намена издвои буџет во висина од 700.000 денари за опремување на сензорната соба, а одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел за финансиско учество за опремување на сензорна соба ќе биде на дневен ред на наредната седница на Советот на Град Скопје.
Ново на Сител
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
-

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија
-

Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел
