Ова е девојчето што молеше да и ја ампутираат ногата

Тиа Ли има само 13 години и ги молела лекарите да и ја ампутираат ногата уште од својата седма година. Ова девојче од Британија има болстнеурофиброматоза поради која на нејзината кожа се формирале илјадници тумори.
Целата десна нога на малата Тиа била прекриена со чворови. Детето молело да и се отстрани ногата, но лекарите не можеле тоа да го сторат се додек ане е пронајден и малигнен тумор зад нејзиното десно колено.
Тиа покажала неверојатна зрелост кога гласно ги разгледувала своите опции.
-Лекарите во јануари ми рекоа дека ампутацијата на мојата нога е возможна само ако канцерот стане премногу болен или опасен. Од седум години ги молам да ми ја ампутираат ногата зошто не можев да поднесам како изгледа, рече девојчето премолчувајќи ја другата страна на своето барање.

Нејзината мајка Линдзи открива какви маки морало да трпи нејзиното малечко девојче.
-Ја малтретираа децата зошто изгледаше поинаку. Почна да верува дека ногата и е одвратна и сакаше да ја отстрани. Мислам дека децата поради своите години не сфатија каква болка и нанесуваа со потсмевањето. Ја нарекуваа „дебелонога“, рече нејзината мајка.
Таа инсистирала Тиа да ја одгледуваат како и секое друго дете, но малечката тогаш веќе ја донела својата одлука:
-Тиа знае дека нејзината состојба е генетски вродена и не сака да има биолошки деца. Веќе на 13 години одлучи да посвои. Кога и ја ампутираа ногата јас ги голтав солзите, а таа храбро побара хамбургер. Таа е неевројатно дете, а тоа што и остана од ногата го крсти Перси и се труди да изгледа ведро, вели мајката.
Тиа немала проблем со другата нога. Од 15 месеци останала слепа на едното око, а на 9 години добила тумор на левото око. Лекарите не можат да објаснат како девојчето и натаму гледа.
Девојчето оди на редовна терапија но секогаш постои можност да ослепи, но не се предава.
-Се гордеам со неа, дури и во најтешките мигови знае да се шегува со докторите, раскажува мајката на ова храбро девојче.
Ново на Сител
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
