„Телеграф“: Повеќе од 30 конзервативни пратеници подготвени да го блокираат Брегзит без договор со ЕУ

Повеќе од 30 пратеници на владеачката Конзервативна партија се подготвени да гласаат за блокирање на евентуалното излегување на Велика Британија од Европската унија без спогодба, пишува британскиот конзервативен весник „Телеграф“, додавајќи дека тоа се случува додека двете спротивставени групи се подговуваат за разврска во британскиот Парламент.
Сем Џима изјави дека пратениците ќе ги истражат „законодавните“ можности за да го спречат Брегзит без договор, како што е на пример спречување следниот премиер да го распушти парламентот или создавање на алтернативни можности. Тоа се случува откако Лабуристичката партија навести дека може да побара гласање доверба на владата доколку таа се фокусира на Брегзит без договор.
Народните избраници во понеделник ќе направат нов обид за блокирање на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, за време на гласањето во Домот на општините за Северна Ирска.
Владата иницира предлог закон за блокирање на секакви избори за северноирскиот Парламент се додека траат преговорите за воспоставување на баланс на надлежностите на државите што ја сочинуваат Велика Британија.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
