Прекуграничен саем за промоција на културните и природните вредности на Шар Планина

Прекуграничен саем за промоција на културните и природните вредности на Шар Планина ќе се одржи денеска во село Вејце, Тетово, во организација на Платформата „Пријатели на Шара“.
Идејата, како што соопштуваат организаторите, е во насока на поттикнување на активности за заштита на природа, туризам и рурален развој во регионот на Шар Планина на прекугранично ниво како идно заштитено подрачје, односно иден национален парк.
Во рамки на овој настан ќе биде промовирана локална храна, традиционална музика и култура, како и активностите на локалните здруженија што работат на проекти поврзани со заштита на природа. На прекуграничниот саем ќе имаат учество и здруженија од Косово.
Настанот се организира во рамки на проект поддржан од организацијатa „WWF“ Adria што го спроведува Платформата Пријатели на Шара.
Пријателите на Шара се неформална група составена од четири невладини организации – Македонско еколошко друштво, Центар за едукација и развој, Планинарски клуб „Љуботен“ и Институт за развој на Заедницата кои во последните пет години лобираат Шар Планина да стане национален парк, се наведува во соопштението од организаторите.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
