Франгов: Се прави обид за ставање ред во автобускиот неред во однос на мигрантите

Приоритет на општина Гевгелија во моментот кога е намален протокот на мигрантите во прифатниот камп, ќе биде да ставиме ред во автобускиот превоз и да им овозможиме на жителите од југоисточниот дел на градот нормално да функционираат, изјави денеска градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.
- Во околности кога дневно низ кампот ќе минуваат по 3.000 мигранти, цениме дека за нивниот превоз се доволни специјалните возови и такси возилата кои до уредувањето на паркингот во близина на кампот, остануваат на просторот кај мостот на Сува река, а автобусите кои најмногу го узурпираа уличниот простор, ги блокираа паркинзите пред станбените згради и создаваа сообраќаен метеж,одлучивме да се дислоцираат во периферијата на градот околу стариот царински терминал, рече Франго.
Тој нагласи дека тоа не значи оти лиценцираните автобуски превозници се исклучени од превозот на мигрантите, туку дека општината прави обид за ставање ред во автобускиот неред.
Градоначалникот Франгов појасни дека во моменти на поголем наплив на мигранти, автобусите ќе бидат повикувани да дојдат на просторот кај мостот на Сува река ,а не како до сега сите да бараат простор за паркирање во тој дел од градот и буквално да го блокираат со што го парализираа и нормалното функционирање на граѓаните.
Франгов изрази надеж дека лиценцираните автобуски превозници ќе го почитуваат ставот на општината да се стави ред во автобускиот метеж што се создаваше во југоисточниот дел на Гевгелија и оти ќе придонесат да им се врати мирот на жителите.
Ново на Сител
-

Општина Струга ќе го продава на аукција аудито на Мерко, почетна цена 21.800 евра
-

Платформата ptici.mk собра над 34.000 податоци за птиците во Македонија
-

Македонските државјани од Израел попладне треба да бидат евакуирани со владиниот авион, во следните денови евакуација и од останатите држави
-

Ердоган: Анкара е подготвена да посредува за прекин на огнот помеѓу Пакистан и Авганистан
-

Комисијата за прашања на избори треба да го соопшти предлогот за нов член на Судскиот совет
-

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените
-

Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17
-

ЕК: Засега нема индикации за мигрантски бранови поради војната во Иран
