Олеснителна околност за силувач зашто „бил од добро семејство“
Судијата од Њу Џерси, САД, Џејмс Тројано е под силни критики на јавноста поради олеснителна околност што му ја одредил на 16-годишник обвинет за силување.
Момчето, во јавноста познато само под иницијалите Г.М.Ц., се товари за сексуален напад на девојка под дејство на дрога или алкохол, видливо несвесна за своите постапки. Тоа се случило 2017 година, на домашна забава. Тој го снимил чинот и го објавил на интернет, нагласувајќи дека „неговиот прв секс бил со силување“.
Еден од сведоците кажал дека на снимката се гледа и како тинејџерот на несвесната девојка постојано ѝ ја удира главата од ѕидот за време на насилниот чин.
Според судијата Тројано, сепак, олеснителна околност е тоа што „момчето било од добро семејство“. Toj го отфрлил и аргументот на жртвата, тогаш исто 16-годишна, која тврди дека била премногу несвесна за да се согласи на сексуалниот чин.
Поради сѐ тоа, судијата одлучил обвинението воопшто и да не го процесуира.
Тоа се случило минатиот јуни, 2018 година. Во меѓувреме, судијата се пензионирал, а сега жртвата бара повторно отворање на случајот. Така светот сега и дозна за оваа контроверзна одлука на Тројано.
Повторената тужба е прифатена, а Тројано доби и укор од Апелациониот суд.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина