Распишан конкурс за награди за истражувачки стории од Западен Балкан и Турција
Во рамки на проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во Западен Балкан и Турција”, финансиран од Европската Унија, распишан е конкурс за награди за истражувачки новинарски стории поврзани со слободата на изразување, владеење на правото, транспарентноста, злоупотреби на власта и основните права, корупцијата и организираниот криминал, објавени во текот на минатата година во земјите од Западен Балкан и Турција.
Наградниот фонд за секоја од земјите изнесува 10.000 евра, при што првонаградената сторија ќе добие 5.000 евра, второнаградената 3.000, а третонаградената 2.000 евра.
На конкурсот можат да се пријават поединци или групи новинари со стории објавени во текот на 2018 година во печатени медиуми, радија, телевизии или интернет изданија во некоја од земјите опфатени со проектот и тоа на службените јазици или јазиците на припадници на малцинските заедници во секоја од државите, како и на некој светски јазик.
Целта на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција е се промовираат извонредните достигнувања на истражувачките новинари, како и подобрување на квалитетот на новинарството во државите од регионот.
Краен рок за пријавување на конкурсот е 17 јули 2019 година.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми

