Ја отворил вратата од возилото и на земја фрлил амфетамин - уапсени скопски дилери, меѓу нив и малолетник (17)

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против В.Ц.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Завчера на бул.„Климент Охридски“ во Скопје полициски службеници запреле патничко возило кое го управувал С.Т.(28), а како сопатници биле Х.Ш.(20), В.Ц.(20) и Ј.Б.(17).
Во тој момент пријавениот В.Ц. ја отворил вратата и на земја фрлил амфетамин.
Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Центар.
Вчера, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во простории каде престојувал В.Ц. на ул.„Орце Николов“. При претресот биле пронајдени таблети метилен-диоксиметамфетамин(МДМА) и една
дигитална вага со остатоци од марихуана.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
