Македонските Лајонси на Светски самит во Милано
Членови на македонските клубови од хуманитарната невладина организација Лајонс, од денеска до 9 јули учествуваат на 102. Меѓународна лајонс Конвенција чиј домаќин е италијанскиот град Милано.
Централниот настан ќе се одржи утре претпладне со парада на лајонсите од 125 држави во светот, кои ќе се претстават на плоштадот пред миланската катедрала Дуомо. Потоа во повеќе сали на МиКо Центар во Милано, ќе учествуваат на отворени разговори, работилници и презентации посветени на хуманоста, помош на слепи лица, гладни и лица со попреченост на кои им е потребна асистенција, а ќе се говори и на теми од областа на екологијата и заштитата на животната средина.
За време на Самитот на лајонси во Милано, претседателот на Лајонс Европа Форум Скопје 2018, Небојша Давидовски и генералниот секретар Звонимир Цветановски ќе остварат средба со претседателот и претставници на организацискиот комитет на Лајонс Европа Форум Талин 2019, кој наесен ќе се одржи во Естонија, а со цел да пренесат искуства од ланскиот европски форум што се одржа во нашиот главен град.
-На светскиот собир на лајонсите, како активни претседавачи на европскиот форум, ќе оствариме повеќе директни средби. Во Милано ќе доделиме посебни плакети на лајонс мулти дистриктите од Швајцарија, Велика Британија и Италија заради нивниот посебен придонес и помагање на европскиот форум што минатата година се одржа во Скопје, истакна Давидовски.
Според востановената традиција, на конвенцијата во Милано, светската лајонс организација ќе изврши промоција на новоизбраните национални гувернери на организацијата, а таа функција во Република Северна Македонија во наредниот едногодишен период ќе ја врши професорката од универзитетската клиника за кардиологија во Скопје, д-р Елизабета Србиновска Костовска, член на Лајонс клубот „Светлина“ од Скопје, која доаѓа на местото на досегашниот прв човек на македонските лајонси, д-р Соња Бојаџиева.
Ново на Сител
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
-

Загрижувачки резултати: Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука
-

Мерц: АфД е „деструктивна сила“ која никогаш нема да освои апсолутно мнозинство
-

„Екс ју авијација“: „Ер Србија“ со 14 лета неделно меѓу Белград и Скопје во зимската сезона
-

За две години во Србија се породиле повеќе од 3.500 тинејџерки, 31 биле помлади од 15 години
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
-

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО
-

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола

