Мицкоски: Потребни се предвремени избори, државата оди во погрешна насока

ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвена за предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена жестоко да го порази Зоран Заев и СДСМ на парламентарни избори, без разлика дали се предвремени или се редовни. Добро е да имаме предвремени парламентарни избори зошто државата оди во погрешна насока, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.
Пршан дали есенва ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, Мицкоски рече дека сака да биде умерен оптимист и најави дека како опозиција ќе дадат се од себе. Според него, оваа Влада и овие политичари не заслужуваат да добијат датум за преговори, но граѓаните, како што рече, не треба да бидат казнувани поради овие политики на СДСМ и Зоран Заев. Додаде дека се ќе стори што е во негова моќ за граѓаните и државата да бидат чекор поблиску до добивање датум за почнување преговори со ЕУ.
– Опозицијата може малку да додаде вредност во тој процес. Најголемиот дел го додава Владата. Во случајов колку што можеме даваме максимум, но оваа деструктивна Влада одзема вредност, рече Мицковски.
Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде на начин на кој знае и умее да ги убедува своите партнери од сестринските партии за да го поддржат датумот за отпочнување преговори на нашата држава со ЕУ. – Имаме план, имаме стратегија и лично мене да ме приведат, имаме план. Ги повикума луѓето да не потклекнуваат на емоција, туку имаме рацио. Да го победиме, но да го победиме така што нема да дозволиме да имаме постизборен инженеринг. Тоа е многу важно, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека се може да се очекува од Заев и од луѓето што се околу него, па дури и, како што рече, да дојдат и да ме приведат.
За случајот со Рашковски, Мицкоски смета дека Рашковски е дел од скандалозно, криминално дејствие и додаде оти тоа го прави по задача на неговиот претпоставен, кој и го заштитува.
Мицкоски посочи дека на државата и е потребно да се стави крај на, како што рече, криминалното, расипничко и ненародно владеење на СДСМ и Заев. Укажа на криминал, незаконски дејствија, злоупотреби во судството и во обвинителството, а се задржа на економијата, енергетиката… Соопшти дека нема да бидат дел од пописот и ќе ги повикаат граѓаните да не се попишуваат затоа што, како што рече, мислиме дека овој начин на попишување единствено е на штета на мнозинската, македонска етничка заедница.
Ново на Сител
-

19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје
-

Алиу: Законот ги штити децата и непушачите, усогласен е со сите засегнати страни
-

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
