Копа Америка: Бразил подобар од Аргентина

Фудбалерите на Бразил се првите финалисти на Копа Америка 2019. Бразилците до финалето дојдоа со победата 2:0 (1:0) над најголемиот ривал Аргентина.
Херој на „кариоките“ на мечот во Бело Хоризонте е напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус кој со гол и асистенција учествуваше во победата. На спротивната страна Лионел Меси останува без трофеј од големите натпреварувања со репрезентацијата на Аргентина.
Бразил и Аргентина одиграа добар меч, можеби за нијанса Аргентинците беа подобри но за разлика од своите ривали тие не ги искористија своите шанси.
Два пати Аргентинците, преку Агуеро во првото и Меси во второто полувреме, ја погодија рамката на голот што го бранеше Алисон Бекер.
Првиот гол на мечот го постигна Жесус во 19, минута откако претходно добра шанса не реализира за Аргентина Паредес. Стрелецот на голот во 71 минута му асистираше на Роберто Фирмино кој го постави конечниот резултат.
Бразил во финалето ќе игра против победникот од мечот помеѓу Чиле и Перу.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
